Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на големиот македонски и христијански ден на кој ги празнуваме Светите браќа Кирил и Методиј е во посета на Делчево. Тошковски го посети пазарот и присуствуваше на литургија.
И иако во црката имаше луѓе, во поворката на чие чело покрај свештениците беше и Тошкосвки, се придружија само триесетина партиски членови и партиски функционери на општинскиот комитет Делчево, директори, функционери, дел од Унија на жени и дел од УМС.

Поворката во живо ја пренесуваше Делчево 365, нивните видеа погледнете ги во продолжение:



