Плоштадот останува чист, сите угостители од Струмица ќе ги отстранат неправилностите, објави на Фејсбук, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– „Сите угостители се согласија и прифатија да ги отстранат неправилностите кои ги констатираа инспекторите, и доброволно да го ослободат плоштадот.
Верував дека ваквото решение е најдоброто – и за граѓаните и за угостителите.
Како градоначалник, ќе бидам прв кој ќе застане зад иницијатива за измени на Законот за градење, каде на разумен и рационален начин ќе се вградат потребите на угостителите, но и ќе се зачува јавниот интерес на сите граѓани.
Стар или нов правилник не го решава суштински проблемот – решението е во дијалог, почитување и разбирање.
Благодарен сум за поддршката од граѓаните и од сите угостители. Само заедно можеме да си ја направиме нашата Струмица уште поубава.“ – стои во објавата.




