Се судрија автомобил и мотор кај Соборна!

Попладнево околу 14:45 часот, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“, кај Соборниот храм во Скопје, се случи сообраќајна несреќа меѓу автомобил марка „ауди“ и моторцикл. Според првичните информации, „аудито“ со предниот десен дел удрило во моторот, а моторциклистот бил веднаш пренесен со Брза помош поради сериозноста на ударот.

Полицијата извршува увид на местото, при што е затворена првата лента на „Партизанска“, а сообраќајот го регулира сообраќаец. Се советуваат возачите да користат алтернативни патишта.

Пронајдете не на следниве мрежи: