17-годишно момче од Крива Паланка вчера пријавило во полиција дека на социјална мрежа било објавено видео со експлицитна содржина од него и друго малолетно момче, соопшти МВР.
„На 27.05.2025 во 09:50 часот во ОВР Крива Паланка, 17-годишник од кривопаланечко село пријавил дека на социјална мрежа било објавено видео од него и друг малолетник со експлицитна содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.



