Телефонски разговор Лавров-Рубио за мировните преговори во Турција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше по телефон со американскиот државен секретар Марк Рубио.

Тој го информираше Рубио за подготовката на нова рунда разговори меѓу Москва и Киев, објави руското Министерство за надворешни работи. Рубио, како што е наведено во соопштението, ја нагласи подготвеноста на Соединетите Американски Држави да помогнат во приближувањето на ставовите на двете страни.

Рускиот министер за надворешни работи претходно денес изјави дека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи во Истанбул на 2 јуни и дека руската делегација е подготвена да ѝ достави меморандум на Украина на таа средба.

За време на разговорот, тие потврдија дека постои подготвеност од двете страни да го продолжат дијалогот меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји врз основа на меѓусебно почитување. Тие разговараа за актуелни прашања на билатералната агенда.

Пронајдете не на следниве мрежи: