Собранието го избра Славевски за гувернер на НБРМ

Собранието, односно владејачкото мнозинство пред малку го избраа Трајко Славевски за гувернер на НБРМ.

ЗА предлогот гласаа 68 пратеници, против гласаа 16 пратеници.

Од СДСМ и Левица денеска нагласија дека нема да гласаат во корист на Славевски.

Инаку Славевски е предлог на претседателката Сиљановска Давкова. Експертската јавност и дел од пратениците нагласија дека со овој избор се партизира една од најважните институции во државата.

Славевски до овој момент е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, иако согласно Законот за НБРМ гувернерот и вице-гувернерот не смеат да бидат членови на политичка партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: