Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири автомобили се случи попладнево кај кичевското село Колари, на патот Гостивар-Кичево, објави ТВ „21“.
На местото на несреќата се екипи од итната медицинска помош, како и полицаијци кои вршат увид.
Портпарол на СВР Охрид, Стефан Димовски вели дека четворица луѓе се полесно повредени, а сообраќајот на патот, кој се одвиваше отежнато, се нормализира. Причинета е голема материјална штета.



