Министерката Весна Јаневска го претстави Оперативниот план за вработување во 2025 година, кој се фокусира на обуки за бараните занимања во угостителство, градежништво и производство. Планирано е 600 невработени да добијат тримесечни обуки со финансиска поддршка, а обучувачите ќе бидат верифицирани и платени по обучено лице.
Заменик-министерот Ѓоко Велковски нагласи дека планот ќе помогне младите да останат во Македонија и да формираат семејства, што ќе придонесе за подобрување на демографската состојба.
Ова денеска го соопштија од Владата.

Во ист ден додека во Владата си прават панел-дискусии, зацрнетите родители на загинатитие деца од Кочани протестираа барајќи правда за најмилите кои ги изгубија.



