четврток, 12 ноември 2026
Најново

Клековски: 12 од повредените во дискотеката „Пулс“ сè уште се на болничко лекување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната владина прес-конференција зборуваше за состојбата на повредените во пожарот во кочанската дискотека.„Од 200 повредени во несреќата, 187 биле регистрирани за болничко лекување. Од нив, 116 биле лекувани во странство, а 71 во земјата. За жал, имало 59 смртни случаи, а тројца починале во болници во странство“, рече Клековски.Тој истакна дека во моментов, 12 од повредените се на болничко лекување, од кои седум се во странство, а пет се во земјата. Еден од нив е во тешка состојба.„Имаме 38 повредени лица кои примаат завои и слични третмани, четворица во „8 Септември“, 26 се во „Св. Наум Охридски“. Петмина се во Кочани, а тројца се во Систина. 46 лица се на физикална терапија, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во „8 Септември“. Третманот со PRT (плазма со или без тромбоцити) се изведува кај 16 повредени лица и е супериорен третман за намалување на лузните од изгореници. Ги повикувам сите повредени лица кои имаат дилема, страв, да се обратат во „Св. Наум Охридски“ или во Клиниката за пластична хирургија – изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.Тој рече дека пациент со тешки изгореници имал значително подобрување на состојбата по еден месец третман со плазма.

Поврзани вести