четврток, 12 ноември 2026
Најново

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се најдат пред пратениците.
Собранието  54-та седница во овој состав ја закажа за понеделник во 11 часот, а пратениците ќе расправаат за предложените имиња на овие функции.
Азир Алиу е предложен за министер за здравство, а за заменик министерската позиција во земјоделство предложен е Албрим Хоџа.
Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „ВРЕДИ“, по оставката од 15 мај годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

Поврзани вести