Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи за натпреварот меѓу Србија и Албанија во квалификациите за Светското првенство во фудбал.
И покрај фактот дека српските фудбалери беа удирани во глава во неколку наврати од страна на албанските навивачи, „Орлите“ го завршија натпреварот со Албанија во Тирана мирно.
Натпреварот заврши нерешено 0-0, а по него се огласи и Новак Ѓоковиќ.
„Почитта и фер-плејот се секогаш можни. Големо браво за двата тима за нивното однесување“, напиша најдобриот тенисер на сите времиња.




