Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на пребеганите од АА иВлен

  Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција откако излезе од владината коалиција. Додека, пак, со „65“  гласа „за“ и со 10 гласа „против“ Собранието го избра Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот  за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Премиерот во образложението на предлогот за Хоџа истакна дека тој е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот. Верува дека тој ќе даде силна енергија и додаде дека ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината.
Пратениците од власта во текот на расправата истакнаа дека Алиу не е соодветен кадар кој треба да раководи со ресорот на здравството. Тие прашаа како е возможно еден специјалист по информатика кој  не донел промени во неговата област успешно ќе менаџира со еден комплексен систем како што е здравството. Додека, пак, пратениците од власта кажаа дека има шанси Алиу добро да се снајде во менаџирањето на овој ресор иако не доаѓа од овој сектор. Тие нагласија дека во минатото сме имале доста експерти од здравствената област кои што имале можност да го водат овој сектор, но секогаш не се покажало дека биле компатибилни здравственото образование или здравствената стручност со менаџирањето со ресорот здравство.
Координаторот на пратеничката група на Вреди Беким Ќоку преставувајќи го Хоџа кажа дека тој е од новата генерација политичари, дека е 37-годишен правник, кој претходно работел во локалната самоуправа во Струга, од каде бил отпуштен од градоначалникот Размиз Мерко. Ќоку кажа и дека Хоџа бил новинар, се занимавал со медиуми, со јавни политики, како и дека доаѓа од рурално населено место и оти е запознаен со потребите на земјоделието и секторот во којшто ќе биде заменик министер.
Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции. Алиу е дел од Алијансата за Албанците која остана во Вреди по оставката од 15 мај, годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.
Во биографијата на Албрим Хоџа се наведува дека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи: