МНР со апел до граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток

МНР со апел да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток во кои е влошена безбедносната состојба. Министерството потсетува и дека македонските амбасади во Тел Авив, Доха и во Абу Даби се подготвени да им пружат поддршка на сите граѓани кои имаат потреба од информации, логистика или асистенција.

За денеска е потврдена евакуацијата од Израел на едно семејство, мајка и три деца. Местата се обезбедени преку израелското министерство за транспорт во рамките на организираните летови. Дестинацијата е Тел Авив-Атина.

Вкупниот број македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25-мина. Но, не сите изразиле подготвеност да го направат тоа веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи: