Османи: Извештајот на Вајц бара да се продолжи кон европскиот пат преку уставни измени

За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, кој помина на Комитетот за надворешна политика е сето она што Македонија го има со преговарчката рамка.

„Усвојувањето на извештакот на Томас Вајц ја отсликува веќе утврдената преговарачка рамка поддржана и од Бугарија каде Македонскиот јазик и посебноста на етничкиот македонски идентитет е веќе вметната во рамката, а со потпишувањето на ФРОНТЕКС воведена е и директна пракса за употребата на кратенката МКД“, вели екс министерот за надворешни работи и актуелен потрептседател на ДУИ, Бујар Османи.

Според Османи, извештајот бара од Северна Македонија да продолжи по европскиот пат преку уставни промени за дополнување на малцинствата.

Пронајдете не на следниве мрежи: