Минатата година е направено повеќе во изградбата на патната инфраструктура отколку во претходните девет години, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Николоски нагласи дека фундаменталниот проблем за доцнењето на изградбата на експресната делница Фарише – Дреновo што беше објавена денес е поради недостатокот на посветеност.„Сега имаме исклучително безбеден пат, а патувањето до Прилеп се скратува за половина час“, изјави Николоски за „ТВСител“, нагласувајќи дека ова била втората најтешка делница на која се работело, по автопатот Кичево – Охрид.Тој најави дека до крајот на 2027 година ќе биде изграден автопатот Прилеп – Битола, со што, како што рече, времето на патување од Скопje до Битолa ќе се намали од еден и пол на еден час и 40 минути.Тој потврди дека првите 40 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот Вербјан – Охрид, ќе бидат пуштени во употреба на 12-ти следниот месец.
Пронајдете не на следниве мрежи:



