(Видео) Експлодираше бензинска пумпа во Рим, повредени неколку лица

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со тешки изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во главнот италијански град Рим, јавуваат медиумите.

Силна експлозија на дистрибутивната станица за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани се слушнала низ целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија на која се гледа огромен облак од чад и пламен над пумпата.

Пронајдете не на следниве мрежи: