Неколку лица загинале, а најмалку тројца се повредени во железничка несреќа што се случи денес во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, јавува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.
Несреќата се случила околу 18:10 часот во близина на градот Ридлинген, во округот Биберах, кога регионален патнички воз на Германските железници излетал од шините, пишува германскиот Билд.
Според полицијата, два вагона целосно излетале од шините, а во моментот на несреќата во возот имало околу 100 патници. Точниот број на жртвите се уште е непознат, а сè уште не е утврдено ниту дали излетувањето на возот го предивикало невреме или дрва на шините. Портпарол на Федералната полиција изјави дека се истражува точната причина за несреќата.



