Залутан куршум за малку ќе погодел дедо и внук во тетовското село Џепчиште

Залутан куршум завчера вечерта пробил покрив од куќа и завршил на тераса на која седеле 59-годишен жител на тетовскоро село Џепчиште и неговиот малолетен внук, соопшти МВР.

„Настанот бил пријавен во СВР Тетово околу 22:30 часот. Според пријавата, зрното оштетило дел од кровната конструкција, а само среќа спречила повреда или фатални последици, бидејќи двајцата се наоѓале непосредно под местото на ударот. На местото на настанот излегла екипа од СВР Тетово која извршила увид, а во тек се мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: