Општина Охрид распиша јавен повик за избор на најдобро дигитално решение – мобилна апликација за туристичка промоција на градот, како дел од Програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2025 година.
– Право на учество имаат тимови од млади ентузијасти, програмери, дизајнери и маркетинг експерти кои ќе поднесат свои предлог-решенија за апликација наменета за Андроид платформа, развиена на програмскиот јазик Котлин. Целта е модерна и функционална адаптација на веб-страницата www.visitohrid.com.mk. – се вели во повикот.
Најдобрите три решенија ќе бидат наградени со финансиска поддршка од – 140.000 денари за првото место, 110.000 денари за второто и 70.000 денари за трето место.
Од Општината ги повикуваат сите креативни и технолошки вешти тимови да се вклучат и да придонесат кон дигиталниот развој и туристичката понуда на Охрид.



