Лукашенко во Русија, со Путин ќе разговараат за билатералните односи и меѓународните теми

Белорускиот претседател Александар Лукашенко пристигна во Русија, каде што подоцна во текот на денот ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Според прес-службата на белорускиот претседател, лидерите ќе одржат разговори на островот Валаам на езерото Ладога.

Путин и Лукашенко ќе имаат неформална средба за време на која ќе разговараат за низа билатерални односи, како и за меѓународни прашања, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Путин и Лукашенко ќе имаат неформална средба за време на која ќе разговараат за низа билатерални прашања, секако, трговски и економски врски и спроведување на федерални државни проекти, како и меѓународни прашања“, рече Песков.

Пронајдете не на следниве мрежи: