На официјалната страна на Фејсбук, Центарот за управување со кризи, објави за моменталната состојба на пожарите во Македонија.
Состојба со пожарите на 02.08.2025 до 12:00 часот
На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 2 пожари на отворен простор, од кои:
Активни: /
Под контрола: 2
Изгаснати: /
ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Берово – Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација).
2. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума).



