Вучиќ: Нема да има граѓанска војна, никој не е посилен од државата

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да има граѓанска војна во Србија и нагласи дека никој во државата не е посилен, без разлика каква поддршка има однадвор.

„Се надевам дека ќе успееме да ги избегнеме сите проблеми што некој ги создава обидувајќи се да ја преземе власта со сила и дека ќе успееме да продолжиме да растеме, но луѓето мора да знаат едно. Никој во државата не е посилен, без разлика каква поддршка има однадвор и без разлика што прави“, нагласи Вучиќ за време на вечерашното гостување на РТС.

Тој изјави дека владата ќе се обиде да се однесува како вистинска и искрена демократија, за разлика од, како што изјави, многумина што ѝ проповедаат однадвор и кои „го убиваат богот“ во секој демонстрант.

Пронајдете не на следниве мрежи: