Уште една, којзнае која по ред измама со телефонски повик и приказна за сообраќајна несреќа, успеала вчера во Тетово, каде 83-годишна жена му дала на непознатиот измамник 2.000 евра за нејзината ќерка наводно да се спаси од затвор, соопшти МВР.
„На 20.08.2025 во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна, откако се слушнала со нејзиниот зет, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата, чии мерки досега не расчистија ниеден од десетиците вакви случаи.



