Уште еден македонски студент на Европското универзитетско првенство во Варшава, Полска, обезбеди финале, станува збор за Ангела Мојсовска, членот на карате клубот Макпетрол.
Мојсовска од Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје на патот до финалето успеа да оствари три победи во категоријата до 68 кг.
Македонската каратистка во второто коло со 8:4 триумфираше против Нина Лукенда од Хрватска.
Во четвртфиналната фаза Мојсовска со 4:3 ја совлада Амина Фејзиќ од Босна и Херцеговина, додека во полуфиналето излезе како победничка во дуелот со Влер Керими од Косово која иако водеше со 3:1, Мојсовска доби удар што предизвика крв од нејзиното лице.
Мојсовска во финалето за златото в понеделник (25 август) ќе се бори против Бехије Мустафа од Косово. Резултати ТУКА



