Трагедија во Стокхолм: Со автомобил влетал во толпа луѓе, има повредени

Две лица се повредени денес откако автомобил се заби во толпа луѓе пред Кралската палата во центарот на Стокхолм, објави шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ.

Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а полицијата, брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.

Според полицијата, две повредени лица се префрлени во болница со тешки повреди. Возачот на автомобилот, кој останал на местото на настанот и соработувал со полицијата, е уапсен и осомничен за несовесно возење и нанесување тешки телесни повреди.

Портпаролот на полицијата ја отфрли можноста дека станува збор за терористички напад или дека несреќата е предизвикана намерно.

Пронајдете не на следниве мрежи: