Семејна драма во Скопје: татко пријавил дека малолетениот син бил нападнат од неговата мајка

65-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил нападнат од неговата мајка, соопшти МВР.

„На 25.08.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од Скопје пријавил дека на 24.08.2025 околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговата мајка Т.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: