82-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека вечерта била ограбена од непознат разбојник, кој насила ѝ зел ранец со лични предмети, соопшти МВР.
„На 26.08.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, Т.М.(82) од Скопје пријавила дека околу 19:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело ранец со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.



