Путин пристигна кај Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг, објави денес РИА Новости.Авионот со кој се наоѓаше рускиот претседател слета во Тјенџин, каде што Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), за време на кој ќе одржи билатерални средби со странски лидери.🚨⚡️BREAKING NEWSA grand reception for Russian President VLADIMIR PUTIN upon his arrival in Tianjin, China. pic.twitter.com/6EtR0Uym3G— RussiaNews 🇷🇺 (@mog_russEN) August 31, 2025Посетата на рускиот лидер ќе трае четири дена, до 3 септември. Програмата вклучува и посета на Пекинг , каде што е планирана трилатерална средба со лидерите на Монголија и Кина , како и одделни разговори со Си Џинпинг и други шефови на држави.Исто така, планирано е рускиот претседател да присуствува како главен гостин на свечените настани во Пекинг, посветени на 80-годишнината од победата над милитаристичката Јапонија и крајот на Втората светска војна.

Пронајдете не на следниве мрежи: