Ова е моментот кога нова јахта од 700.000 фунти потона само 15 минути откако беше спуштена за прв пат – принудувајќи го сопственикот да доплива до брегот.Инцидентот се случил на околу 200 метри од брегот во округот Ерегли во Зонгулдак во северна Турција, пренесува Телеграф.Човекот, за кој се верува дека е сопственик, е виден како стои до чамецот додека тој почнува да тоне, пред да скокне во водата и брзо да отплива кон плажата.Капетанот на бродот и двајца членови на екипажот исто така биле принудени да скокнат во водата, додека турските медиуми јавуваат дека нема повредени.Бродот „Долче Венто“, долг помеѓу 24 и 30 метри, беше инаугуриран во Мед Јилмаз, каде што на него се работеше со месеци пред да му биде предаден на сопственикот од Истанбул.Крајбрежната стража и пристанишните тимови беа предупредени, создавајќи безбедносен периметар за да се спречи приближување на други бродови.
Пронајдете не на следниве мрежи:



