Седницата на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР закажана за 10 септември – Ќе има и надзорна посета

Ве известуваме дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

– Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.
Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните, стои во соопштението на кабинетот.

Пронајдете не на следниве мрежи: