Приведен турски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена марихуана

На 05.09.2025 во 20:50 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициските службеници го лишија од слобода К.М.М.(20) од Р.Турција. При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: