четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дрисла и Вардариште ги трујат жителите на Скопско, Ангелов: Дождот не помогна многу

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дождот не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека претходните денови на депонијата се исфрлени многу тони вода, но чадот продолжува.Тој вели дека се преземаат и други мерки.Неподнослив мирис на запалена гума и чад се чувствува во скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Драчево, Кисела Вода и Ќендер. Жителите постојано се жалат на лошата миризба и загадениот воздух.Ангелов синоќа изјави дека причината за лошата миризба во Скопско е тоа што ветерот го сменил правецот и дува од депонијата кон Скопско.

Поврзани вести