четврток, 12 ноември 2026
Најново

Српската „Алта банка“ надмина уште една пречка во аквизицијата на „Стопанска банка Битола“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Комисијата за хартии од вредност, со која претседава Бујаре Абази, ја одобри Одлуката, со која се дава дозвола на „АЛТА БАНКА“ АД Белград, Република Србија, да даде понуда за аквизиција на „Стопанска банка“ АД Битола.„Понудата за купување се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битолa, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас што веќе ги поседува купувачот и лицата што дејствуваат во соработка со него, претставуваат 100% од неговиот акционерски капитал. Купувањето на хартии од вредност ќе се изврши по цена од 3.777 денари по акција“, соопшти Комисијата за хартии од вредност.Според купувачот, понудата ќе се смета за успешна доколку ја прифатат акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции, што претставува 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битола.„Во тој случај, купувачот и лицата што дејствуваат во соработка со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД „Битола“, објави КХВ.

Поврзани вести