четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тепачка со боксови и клоци во паркот „Жена борец“ заврши со смрт, истрага против две лицa

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица на возраст од 44 и 46 години, кои се сомничат за кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, настанот се случил на 10 септември во вечерните часови, во паркот „Жена-борец“ во Скопје. Осомничените заедно со оштетениот пиеле алкохол, по што настанала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка. Двајцата, со удари со тупаници и клоци по главата и телото, му нанеле сериозни повреди на оштетениот.
Нападнатото лице било пренесено во болница, каде по два дена им подлегнало на повредите.
Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени

Поврзани вести