четврток, 12 ноември 2026
Најново

Славески: Во наредниот период очекуваме пониска стапка на инфлација од три проценти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Народната банка останува уверена дека трендот на намалување на инфлацијата ќе продолжи и дека во наредниот период таа ќе биде пониска од три проценти, додека на среден рок ќе се вратиме на ниво од два проценти.„Нашите очекувања се дека трендот на намалување на инфлацијата ќе продолжи. Секако, ова не зависи само од инструментите на Народната банка, туку и од фискалната политика, која моментално е на некој начин во рамките на стабилизирање на инфлацијата. Очекуваме и сакаме во наредниот период стапка на инфлација пониска од три проценти, а на среден рок, во период од две години, да се вратиме на историските нивоа што ги имавме, односно на стапка на инфлација од околу два проценти како во еврозоната“, изјави гувернерот Трајко Славески.Државниот завод за статистика измери дека стапката на инфлација во август бележи минимална месечна промена од 0,2 проценти, додека годишниот раст е 4,4 проценти.

Поврзани вести