четврток, 12 ноември 2026
Најново

Опозицијата бара оставка од Тошковски по убиството во Велес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

септември 17, 2025
Опозициската СДСМ бара оставка од целото раководство на СВР Велес и од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во Велес.
– Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми. Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати.  Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст. велат од партијата.
Според СДСМ, системот потфрлил, мора да има одговорност и системот да се смени од корен.
Обвинителството вчера објави хронологија на случувањата што му претходеле на убиството на 31-годишната Росица и нејзиниот татко. Девојката повеќепати го пријавувала својот поранешен партнер за закани и насилство.
Росица и нејзиниот татко беа убиени во семејниот дом во Велес од страна на нејзиниот поранешен партнер кој потоа се самоуби.

Поврзани вести