четврток, 12 ноември 2026
Најново

Објавен е телефонски број на кој граѓаните можат да пријават злоупотреба на државни возила во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, попладнево го објави бројот каде граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на службени државни возила.„Од денес, граѓаните можат да пријават незаконско, партиско или приватно користење на службени возила на телефонскиот број 070 399 050 или на адресата [email protected]. Сите пријави ќе бидат проследени до надлежните органи за понатамошно постапување“, напиша Томовски во објава на Фејсбук.Сепак, за граѓаните да можат да пријавуваат злоупотреби, службените возила прво мора да ги заменат старите со нови црвено-жолти регистарски таблички што ќе ги олесни нивното препознавање.Процесот е практично на почеток, бидејќи, како што изјави Томовски, досега се регистрирани околу 500 возила.Вкупниот број на службени возила што треба да добијат вакви таблички е околу 7.500. Директорот на Комисијата за јавни услуги, сепак, е оптимист дека замената на табличките ќе биде целосно завршена во рок од две недели.

Поврзани вести