четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Опозицијата шири лаги за пожарите, мислејќи дека ќе освои политички поени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обвинувањата од страна на опозицијата во врска со ситуацијата со пожарите, според премиерот Христијан Мицкоски, се лаги и невистини и обид за освојување политички поени. Во изјава за медиумите дадена денес за време на неговата посета на Куманово, Мицкоски рече дека опозицијата се занимава со лаги и измислици и дека тие лаги ќе продолжат и во иднина.„Опозицијата го прави ова затоа што мисли дека на овој начин, со таа стратегија, ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и ако сè што коментираат е вистина, а ништо не е вистина, тогаш се поставува прашањето што прават за да помогнат во процесот.“„Тие не прават ништо, се занимаваат со некрофилија, измислици и лаги, но ќе продолжат затоа што немаат програма, визија, идеи. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија за тоа како треба да продолжиме да работиме – со чесност, одговорност, посветеност и како што сум рекол многу пати досега, на крајот ќе победиме“, рече Мицкоски.

Поврзани вести