„Мириса околу Охис, се стравува дека е од линданот“: Трајковски бара итни мерки за граѓаните

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски вели дека ако биде избран, ќе преземе се што е во негова надлежност и моќ за заштита на здравјето на граѓаните поради воздухот.

„Но засега, можам само уште еднаш да апелирам до надлежните институции: Изминатите неколку дена се шири многу непријатен мирис на радиус од 2-3 километри од ОХИС. Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што околното население од Пинтија, Усје и Градинар информираат дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката, и стравуваат дека потенцијален причинител на ова е токсичниот линдан, складиран во фабриката“, напиша Трајковски на Фејсбук.

Тој вели дека ова е прашање кое бара итна, а не одложена реакција.

„Уште еднаш апелирам до институциите:

* да се спроведе итна инспекција и соодветни мерења на загаденоста на терен
* Јавно да се информира за изворот на мирисот и да се каже јасно, дали е поврзан со линданот во Охис!
* Доколку мерењата покажат загадување и токсичност на воздухот, особено ако причинител е линданот, да се превземат привремени мерки за заштита на локалното население, до решавање на проблемот и додека не стане безбедно за нив.
Здравјето на нашите сограѓани е во прашање – неопходно е веднаш да се реагира“, реагира Трајковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: