Поројни дождови со грмежи и засилен ветер! Следува пад на температурите

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.

Во Скопје, од денес до понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, проследен со појава на грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи: