СДСМ Конче прашува каде исчезнаа 4,5 милиони денари: Парите ги нема, долгот си стои!

Каде исчезнаа 4,5 милиони денари прашуваат од СДСМ Конче во објава на социјалните мрежи.

– На 21.01.2025 ЈП Лакавица доставува барање до општина Конче за одобрување на средства за подмирување на долговите.

На 31.01.2025 Советот ја одобрува сумата од 4.500.000 денари за таа цел.

Од страна на ЈП се приложуваат фактури од фирми кои требаше да бидат исплатени.

Но – фактурите не се исплатени, долгот не е подмирен, а парите исчезнале!

Кој си дозволи да располага со 4.5 милиони денари спротивно на одлуката на Советот?

Дали парите завршија во нечии приватни џебови?

Колку уште ќе трае криминалното работење под покровителство на директорот?

КАДЕ СЕ ПАРИТЕ, ДИРЕКТОРЕ? – прашуваат од партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: