Апасиев најавува битка до Стразбур доколку македонските судови не реагираат на политичката дискриминација

Правниот тим на Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против АВМУ и ДИК. Претседателот на партијата, Димитра Апасиев најавува битка и до Стразбур, доколку македонските судски инстанци не реагираат.

– Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување ПРИВРЕМЕНА МЕРКА до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК!

На потег се домашните судски инстанци да ја спречат политичката ДИСКРИМИНАЦИЈА која и се врши на Левица.

Доколку македонските надлежни органи останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – СТРАЗБУР. – стои во објавата на Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: