(Видео) Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана: Не ме поканија на поставувањето на спомен-бистата

Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана што не била поканета на откривање на спомен-бистата што денеска беше поставена.

Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Сопругата реагира: ,,Министерот Тошковски без семејството и децата на загинатиот полицаец Тоше Тодоровски денеска ја откри неговата биста во Пробиштип” – обвинува поранешната сопруга на Тодоровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: