Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), според РТВ.
Епицентарот на земјотресот бил источно од Измир, околу осум километри од градот Синдирги, на длабочина од шест километри.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен и траел долго. Турскиот „Хуриет“ објави дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.
Пронајдете не на следниве мрежи:



