Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во Авганистан, но досега нема извештаи за материјална штета или за повредени граѓани.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Потресот бил толку силен што се почувствувал и во соседните земји – Пакистан, Таџикистан, Узбекистан, на растојанија до 600 километри.



