Лажен поп уапсен на задушница на гробиштата во Ѓорче Петров

Наместо вистински поп, низ гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров се прошетал лажен – тој бил набргу легитимиран, откако започнал да кажува молитва за починатите.

Празникот Задушница се врзува со молитвата за упокоените христијани и најчесто се одбележува во петок и сабота. Граѓаните одат на гробиштата и се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите. Покрај одењето на најбисликите, и свештените лица ги посетуваат гробиштата, каде кажуваат посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.

На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

„Замислете мои волковчани и ѓорчепетровци, на Задушница, одиш како човек на гробишта за да ги посетиш починатите, да им оддадеш почит и бараш поп. И кога едвај го наоѓаш и го викаш да го испее гробот, и кога оп – од нигде никаде скокаат 4-5 полицајци да го апсат попот. Зошто? Затоа што, всушност, не бил поп, туку некој човек што си нарачал мантија и кандило и си рекол: ‘Сега ќе му е мајката, на жалоста на луѓето пари ќе правам’. Го апсат, го носат во полициска станица, а гробот остана неиспеан. Е моја чудесна Македонија“, напиша корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Корисниците на социјалните мрежи сведочат за ваквиот непријатен настан и разочарано посочуваат дека ова не се гледа секој ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: