четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дебата за извештајот на ЕК на АФЕТ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија. Порача денеска еврокомесарката за проширување, Марта Кос презентирајќи ги извештаите за напредокот на земјите кандидатки за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент – АФЕТ.
На Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска не присуствуваше  известувачот на Европскиот парламент за Македонија  Томас Вајц, а  со тоа недостасуваше и презентација на извештајот за Македонија пред европарламентарците. Политичките групи имаа голем број прашања до еврокомесарката Кос меѓу кои и за одлучувањето во ЕУ,  на што Кос одговори – време е за квалификувано мнозинство. Кос порача дека во следниот период  ќе се залага во процесот на преговори на земјите кандидатки само да стартува и завршува со едногласност.
Од Брисел денеска порака испрати и шефицата на европската дипломатија, Каја Калас која порача дека проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, а 2030 година е реална цел за ново проширување.
Македонија сè уште ги нема отворено поглавјата од пристапните преговори со Европската Унија  бидејќи условот за тоа е вклучувањето на бугарската заедница во македонскиот устав.

Поврзани вести