четврток, 12 ноември 2026
Најново

Прес-конференција во Владата за Извештајот на ЕК, два дена по објавувањето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава беше објавен во понеделникот, денеска попладне во Владата прес-конференција ќе одржат премиерот Христијан Мицкоски и евроамбасадорот Михалис Рокас. Пред прес-конференција, Мицкоски и Рокас ќе остварат средба.
Европската комисија го објави извештајот во понеделникот на 3 ноември во кој се нотира напредок во одредени области, но и сериозна загриженост за корупцијата во земјата, а нотирано е и тоа дека не се усвоени уставните измени.
Евроамбасадорот во вторикот и го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и го презентираше на затворена седница во Собранието.
Опозицијата вчера излезе со критики дека ова е најлошиот извештај што го добила земјата во последните 10 години. Експертите се на став дека извештајот е предупредување за земјата.
Во извештајот стои дека нема напредок во делот на правосудството за разлика од минатата година кога се бележеше ограничен напредок во овој дел. Од ЕУ препорачуваат усвојување на нов Кривичен закон, подобрување на евиденцијата за конфискација на имот и зајакнување на финансиските истраги.
Од Министерството за правда, кое е надлежно за реформите во судството, досега нема став во однос на забелешките од ЕУ.

Поврзани вести