Софија и Сандра се сестри кои го запалија интернетот: „Сликата не е за оние со слабо срце и за мажите со бујна фантазија“ (фото)

Латино дивата Софија Вергара и нејзината помлада сестра Сандра привлекоа огромно внимание од јавноста откако објавија ретки заеднички фотографии. Жешките сестри се појавија на Инстаграм на гламурозна забава во Мајами, каде што Софија го прослави успехот на нејзината линија за нега на кожа – „Тоти“.

Софија и Сандра се дуо од соништата за мажи

За таа пригода, Софија блескаше во тесен портокалов фустан со корсет кој ја истакнуваше нејзината фигура, додека Сандра носеше елегантен фустан без прерамки во пудра. На забавата беа и нивните други братучетки Вероника, Роза Вергара и Глорија Лука.

„Ја славиме најдобрата марка за нега на кожа и креми за сончање @toty со семејството“, напиша 37-годишната Сандра во описот на објавата.

Актерката од „Модерно семејство“, Софија, која сега има 53 години, исто така сподели серија фотографии и им се заблагодари на сите што дојдоа:„Грацијас, грацијас! на сите што дојдоа вечерва да го прослават @toty!!! Беше совршена ноќ во Мајами!!! Со совршена екипа!!!“

Слики од овие две сестри постојано кружат по мрежите, а на мрежата X (поранешна Твитер) наведуваат дека долго време не виделе ваков дует. Еден корисник на шега коментираше дека „не е за оние со слабо срце“.

Сандра Вергара: „Јас сум сосема поинаква од Софија“

Сандра, која неодамна се приклучи на деветтата сезона од ријалити серијата на Нетфликс „Продажба на зајдисонцето“, веќе стана тема број еден во медиумите. Гледачите можеа да го следат нејзиниот конфликт со Крисел Стоус, една од оригиналните членови на екипата, која штотуку објави дека ненадејно заминува од серијата.

Иако не ѝ се непознати споредбите со нејзината позната сестра, Сандра истакнува дека двете се „сосема различни“:

„Штом имате исто презиме, луѓето веднаш ве споредуваат. Тоа им се случува на сите што се во роднинска врска со познати луѓе. Но, јас правам нешто сосема друго и одам по свој пат“, рече таа во интервју за „Фокс њуз диџитал“.

„Софија ми помогна да ја започнам кариерата“Сандра нагласи дека не бега од споредби, бидејќи го почитува успехот на Софија и е благодарна за нејзината поддршка:„Таа ме поддржуваше долго време. Ја почитувам многу и ѝ сум благодарна за сè што постигнала. Не е лошо кога ќе ве споредат со некој како неа, но сакам луѓето да ме видат во моја светлина“, истакна таа.

Дали Софија ќе се појави во „Продажба на зајдисонце“?

Софија, поранешна членка на жирито на популарното шоу во Америка „Јас имам талент“, е позната по своите независни објави, но ретко позира со својата сестра. Сандра, сепак, навести дека тие две наскоро би можеле почесто да се појавуваат заедно, па дури и дека Софија би можела да направи изненадувачко појавување во популарното ријалити шоу на Нетфликс доколку одлучи да продаде една од своите вили.
The post Софија и Сандра се сестри кои го запалија интернетот: „Сликата не е за оние со слабо срце и за мажите со бујна фантазија“ (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: