Новото видео на Владимир Путин предизвика лавина од коментари: „Погледнете му ја раката, нешто не е во ред“

Ново видео од рускиот претседател Владимир Путин , на кое се гледа како се ракува со претседателката на движењето „Здрава татковина“, Екатерина Лешчинска, повторно ги разгоре гласините за неговото здравје, а многумина ги забележаа испакнатите вени на неговите раце и необичното стискање на тупаниците.

Претседателот на Русија се сретна со Лешчински за да разговара за можноста за забрана на продажбата на електронски цигари во земјата. Кога Путин ја испружи десната рака, многумина забележаа испакнати вени, истакнати тетиви и тенка, збрчкана кожа. Видеата го прикажуваат првиот човек на Русија како нервозно ги движи прстите и ги стега во тупаница под ракавот на јакната.

Откако видеото се појави на социјалните мрежи, започнаа шпекулациите, а Украинците веднаш се придружија на коментарите.

Познатиот украински новинар, ТВ водител и блогер Дмитро Гордон рече дека „Путин ги стега рацете во нешто што личи на тупаници“.

A new video surfaced of putin and there’s something really wrong with his hands. Russians online are starting to worry their ruler isn’t okay.Nevertheless, we hope he never gets well. pic.twitter.com/NUmqwFMBnW— Saint Javelin (@saintjavelin) November 10, 2025

„Изгледаат отечени и болни, со истакнати вени на едната рака“, рече тој.

Други веруваат дека Путин само покажува нормални знаци на стареење кои наводно се обидува да ги прикрие со козметички третмани.

Не знаеме што е вистината, но видеата сигурно повторно ги разгореа гласините за здравјето на рускиот претседател, што беше случај и претходно , а Кремљ решително негираше дека Путин е болен.

The post Новото видео на Владимир Путин предизвика лавина од коментари: „Погледнете му ја раката, нешто не е во ред“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: